Connect with us

Фудбал

Бешикташ се пласираше во осминафиналето од Лигата на Шампионите

Со нерешениот резултат 1-1 против тимот на Порто, Бешикташ обезбеди пласман во осминафиналето од Лигата на Шампионите.

Тие имаат 11 поени, односно 4 повеќе од второпласираниот Порто на едно коло пред крајот во групата Г, со што станаа петтиот тим кој што обезбеди пласман во нокаут фазата после ПСЖ, Баерн, Манчестер Сити и Тотенхем.

Со ист резултат заврши и натпреварот помеѓу Спартак Москва и Марибор од групата Е, каде што лидер е Ливерпул со 8 поени, пред Севиља со 7, додека Спартак има 6, а Марибор е без шанси со 2 поени.