Connect with us

Фудбал

Без голови меѓу Холандија и Франција

Натпреварот помеѓу Холандија и Франција на Европското првенство во Германија заврши без голови, оставајќи ги фановите изненадени со оглед на огромниот напаѓачки потенцијал на двете тимови. Ова беше првиот натпревар на турнирот без постигнат гол, што е изненадување особено затоа што се соочија две репрезентации познати по своите способности да постигнуваат голови.

Францускиот напаѓач Антоан Гризман имаше најчисти шанси на мечот, со две зицер ситуации, но без успех. Холандија, исто така, имаше свои моменти преку Чави Симонс, кој успеа да ја затресе мрежата, но неговиот гол беше анулиран поради офсајд позиција.

Ова реми најверојатно им гарантира на обете репрезентации место во осминафиналето, без оглед на резултатите во последното коло од групната фаза каде Франција ќе се соочи со Полска, а Холандија со Австрија. Овие два натпревари ќе одлучат за крајните позиции во групата.