Connect with us

Фудбал

Без победник на мечот Ренова – Вардар

На натпреварот од 33. коло од ПМФЛ помеѓу Ренова и Вардар кој се одигра денеска немаше победник. Натпреварот заврши со по еден го на двете страни и тоа во второто полувреме.

Можевме да видиме неколку посериозна шанси на двете страни, но сепак резултатот во првото полувреме остана 0:0.

Нешто пожестока игра покажаа и двете екипи во второто полувреме од натпреварот. Барсегјан во 76. минута од натпреварот му донесе водство на вардар од 0:1.

Ренова успеа да остане непоразена на домашен терен на самиот крај од натпреварот. Нафиу беше прецизен од белата точка и го изедначува резултатот на 1:1, а ова е и конечниот резултат на оваа средба.