Connect with us

Фудбал

Билетите „пламнаа“ за неколку минути, великанот со Македонецот во тимот се враќа меѓу најдобрите?!

Сезоната влегува во свој финиш, а уште еден великан вечерва може да го потврди враќањето таму каде и каде што припаѓа. Шалке 04 во 33. коло на германската втора лига ќе се сретне со Сент Паули и со триумф пред крајот на колото би обезбедиле враќање во Бундеслигата по последната катастрофална сезона. Натпреварот започнува во 20 часот и 30 минути.

Вкупен спектакл и повеќе од 60.000 гледачи се очекуваат во Гелзенкирхен.

Билетите за овој дуел се „пламнаа“ за кратко време, па вечерва Шалке ќе има неверојатна поддршка од трибините во обид да се врати меѓу најдобрите клубови во Германија.

Шалке има седум германски титули во своите витрини, тие го освоија Купот на Германија пет пати, го освоија Купот на УЕФА во 1997 година и го освоија Купот Интертото во 2003 и 2004 година. Клубот низ историјата играл и нокаут фаза од Лигата на шампионите.

Интересно, тие го освоија и популарниот „Цвајт“ во 1991 година и се вратија во Бундеслигата, по што три децении беа постојан тим во Бундес лигата и често на врвот на табелата до минатата сезона, која ќе сакаат што побрзо да ја заборават.

Да потсетиме, за Шалке настапува македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, кој е позајмен од Штутгарт.

Facebook