Connect with us

Кошарка

Блокотехна гостува кај Левски во БИБЛ лигата

Гевгелиската екипа Блокотехна попладнево во Софија против Левски ќе го одигра третиот меч во Балканската лига.

Гевгеличани одлично ја започнаа својата дебитантска сезона во БИБЛ конкуренцијата во која веќе остварија две победи и заедно со составот на Академик Бултекс се единствените кои немаа пораз.

Натпреварот во Софија ќе започне од 17.30 часот, а е еден од двата кои се играат денеска. Во првиот цр5ногорскиот тим Ибар го пречекува Рилски Спортист.

Утре ќе се одиграат преостанатите две средби. Од 19 часот Куманово го пречекува составот на Академик Бултекс, а во Тирана кај истоимената екипа гостува Башкими.