Connect with us

Фудбал

Бока го доби големото дерби на Аргентина

Бока Јуниорс го победи Ривер Плејт со 2:1 во најголемото аргентинско дерби кое вообичаено помина со многу тензии, убави голови, жестоки дуели, црвени картони.

Гостите први поведоа преку Кардона во 42. минута искористувајќи го црвениот картон што го доби Фернандез четири минути претходно.

Бројната предност од играч повеќе Бока ја загуби во 61. минута кога стрелецот на голот Кардона доби црвен картон.

Тоа го искористи домаќинот со изедначувачкиот гол на Понцио во 69 минута.

Конечниот резултат го постави Нандез во 73 минута.

Доказ за жестокоста на дербито се и десетте жолти картони покрај двата црвени.

За Бока Јуниорс ова беше максимална осма победа во аргентинската Суперлига, Ривер има три победи, три нерешени средби и два пораза.