Connect with us

Други спортови

Бокс спектаклот во Софија се претвори во циркус: Загуби од противникот, па го нападна својот тренер!

Кубрат Пулев го победи Хјуи Фјури во главната борба на ИБФ спектаклот кој изминатава вечер се одржа во соседна Бугарија, но сепак една од борбите кои им претходеа на најголемото случувања ни донесе ситуација која ги фрли во шок големите фанови на боксот.

Симпатизерите на боречките вештини во Софија имаа можност да се израдуваат на големата победа на популарната „Кобра“, но претходно му аплаудираа и на Спас Генев кој го победи Леван Шонија кој по поразот изрежира сцена за паметење.

https://youtu.be/jYUDJU_QzZE

Боксерот од Грузија има само една победа во последните седум борби, а последниот пораз не го прифати воопшто добро, па реши да го нападне својот тренер. Неверојатната ситуација ги шокираше сите присутни во салата во Софија, а набрзо оваа сцена стана и вирална на социјалните мрежи.

ИЗВОР: Дерби