Connect with us

Фудбал

Бомба од Островот: Челзи прифатил 75 милиони евра за Вилијан!?

Барселона се обидуваше стигна до понуда од 61 милиони евра, но на крајот се откажа, но Јунајтед е спремен да го понуди она што „сините“ го бараа од Каталонците.

Дел од англиските медиуми на големо пишуваат дека Челзи и Манчестер Јунајтед повторно ќе соработуваат ова лето.

Наводно, Челзи се согласил да го продаде Вилијан на Јунајтед за сума од 75 милиони евра. Тоа е сумата која Барселона не сакаше да ја плати.

https://youtu.be/Y4JHpoJIzD4

Од друга страна Вилијан додека Конте беше во клубот изјави дека не е задоволен, а ситуацијата не се променила ниту откако Маурицио Сари пристигна во клубот.

Поради ваквата ситуација, Челзи веројатно е принуден да го продаде Вилијан за огромна сума која и тоа како добро ќе им дојде. „Сините“ така би добиле пари кои би ги искористиле за големи засилувања, пред се во средниот ред, каде што се поврзуваа со доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ.