Connect with us

Фудбал

„Бомба“ од Шпанија, Баерн тргна во напад за Меси

Баерн Минхен ќе тргне во напад за Лео Меси.

Ова е „бомбата“ што доаѓа од Шпанија, откако аргентинската sвезда ги блокираше преговорите за обновување на договорот.

Договорот на Лео со каталонскиот клуб истекува во 2021 година, но клаузулата вклучена во него може да му овозможи на Меси да ја напушти Барселона уште ова лето.

Меси заработува 39 милиони евра по сезона во моментов и само богат клуб како Баерн може да си дозволи да го има во тимот.

Но, треба да се разгледа уште еден фактор: поврзаноста со Адидас. Германската компанија, покрај тоа што го има Лео како главен имиџ, поседува и 8,33% од акциите на Баерн.

Така, по цел живот навикнати да го гледаме Меси да го носи дресот на Барселона, во произвотство на Најк, ова би било одлична комерцијална можност за Адидас.

Навивачите на Баварците почнаа да сонуваат за Меси на Алијанц Арена.