Connect with us

Фудбал

Бомба во Германија, Борусија сака титула, ја купува ѕвездата на Баерн

Модерни беа трансферите од Борусија во Баерн. Дали сега да го очекуваме спротивното?

Борусија Дортмунд ја гледа својата шанса во наредната сезона.

Новата генерација на фудбалери од Дортмунд е во развој, одлично го одиграа првиот дел од претходната сезона, но се опуштија на крајот и ја изгубија титулата во последното коло.

Сега не планираат да ја направат истата грешка, а покрај тоа, сакаат и да го ослабнат Баерн.

Баерн не ја одигра сезоната во најдобро светло во Бундеслигата иако го освоија трофејот, очекувањата беа поголеми во Лигата на шампионите, а имајќи во предвид дека клубот го напуштија Робен и Рибери, промената на генерации би можела да биде шансата на Боруција.

„Bild“ денеска пренесува дека голема желба на Борусија е Матс Хумелс, фудбалерот кој веќе играше за Борусија, но не направи фудбалски „злочин“ кога замина во Баерн.

Хумелс нема да има обврски ниту во репрезентацијата на Германија во наредната сезона, затоа што Јоаким Лев не смета на него.

Останува да видиме како ќе се одвива оваа ситуација, Борусија се надева дека може повторно да го види добро познатото лице во Дортмунд.