Connect with us

Фудбал

Бонучи добива понуда која тешко се одбива

Леонардо Бонучи би можел да го напушти Милан по само една сезона.

Иако Милан во текот на летото минатата година на својот голем ривал Јувентус му плати 42 милиони евра, денешното издание, италијанскиот весник „Тутоспорт“ тврди дека 31-годишниот централен бек доби нова понуда што ќе биде тешко да се одбие.

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговите услуги. Менаџерот на „Цревените Ѓаволи“ Жозе Мурињо го гледа искусниот Италијанец како засилувања за својата одбранбена линија и ќе се обиде да го доведе во своите редови.

Извесно е дека понудата од Олд Трафорд ќе треба да биде повисока од 42 милиони евра ако го сакаат Бонучи, бидејќи и „Росонерите“ сакаат да профитираат.

Претходно, искусниот дефанзивец беше поврзуван со Челзи и Реал Мадрид, но тој не сакаше да ја напушти Италија поради болеста на најмладиот син.

Сепак, по закрепнувањето, Премиер лигата повторно е опција, а понудата на Манчестер Јунајтед тешко одбива.