SPORTM.mk
Бонучи: Мундијал без нас не е опција
Еден од најдобрите одбранбени италијански фудбалери, Леонардо Бонучи изјави дека Светско првенство без „азурите“ не е опција за него и неговите соиграчи од националниот тим.
Италија утре на првиот дуел од плеј-офот за пласман на СП 2018 игра против Шведска, откако не успеа да обезбеди директно учество преку квалификациите.
Сигурно е дека ќе имаме два тешки натпревари против добриот тим на Шведска. Сепак, ние сме Италија и пропуштање на Светското првенство не е опција за нас. Тие ќе бидат беа најдобриот играч во историјата на Златан Ибрахимовиќ и тоа е нашата предност. Ние ќе го дадеме максимумот и верувам дека ќе се квалификуваме на Мундијлот во Русија, изјави Бонучи.
Натпреварот Шведска – Италија ќе се игра утревечер во Стокхолм со почеток во 20 часот и 45 минути.