Фудбал
Бонучи: Торино и Јувентус се мојот дом
Леонардо Бонучи официјално се врати во Јувентус, откако поминал една година во Милан.
Искусниот дефанзивец направи медицински прегледи во Торино и потпиша пет годишен договор со старата дама.
Така e формализиранa размената помеѓу Јувентус и Милан, која во насока на Сан Сиро замина 24-годишниот централен бек Калдара.
“Тешко е да се замисли дека тоа ќе се случи, но тоа што се случи е фантастично. Јас сум возбуден. Торино е мојот дом, Јувентус е мојот дом, јас сум навистина среќен што се вратив”, рече Бонучи за официјален Youtube канал Јувентус .
Инаку, Леонардо Бонучи дресот на Јувентус го носеше од 2010 до минатото лето, кога направи шокантен трансфер во Милан. Сепак, сега 31-годишниот стопер се врати во Јувентус.