Connect with us

Други спортови

Босанска боксерска ѕвезда осудена на три години затвор, не плаќал данок

Аднан Ќатиќ, попознат како Феликс Штурм, боксерска ѕвезда во Германија по потекло од Босна и Херцеговина, осуден е на три години затворска казна во германскиот град Келн. Некогашниот светски првак прогласен е за виновен поради затајување на данок во висина од еден милион евра во период од 2008-ма до 2010, но и во 2013-та година. Судот го ослободи од сомнението за затајување на данок во 2011 и 2012-та година.

40-годишниот Чатиќ е уапсен на почетокот на април месец минатата година, а од притвор е пуштен по осум месеци со кауција од 300 илјади евра.