Connect with us

Фудбал

Боштјан Нахбар стави крај на кариерата

Еден од најпопуларните и најуспешни словенечки кошаркари го објави крајот на својата активна кариера. Боштјан Нахбар ја објави одлуката на 37-годишна возраст, откако во текот на повеќе од 20 сезони играше на високо ниво, вклучително и во тимови од Евролигата и НБА.

– Иако не сум бил на теренот неколку месеци, сè уште верував дека можам да се вратам и да играм. По многу размислување, сепак решив дека мојата желба да играм едноставно не е доволно голема и имам други приоритети. Мојата кошаркарска кариера е завршена, рече Нахбар.

Кариерата на 206-сантиметри високото крило започна во 1997 година во Унион Олимпија, а во татковината игра уште за Марибор и Пивоварна Лашко. Во 2002 година преминува во италијански Бенетон Тревизо, од каде преминува во НБА – таму ги брани боите на Хјустон, Њу Орлеанс / Оклахома Сити и Њу Џерси меѓу 2002 и 2008 година.

Потоа се враќа во Европа, каде го засилува Динамо Москва, а потоа минува низ Ефес Пилсен во Турција, УНИКС Казан во Русија, Бросе Бамберг во Германија и Барселона и Севиља во Шпанија.

Тој ги освои титулите на Словенија, Германија и Шпанија.

Тој има вкупно четири Европски првенства со националниот тим и две Светски првенства. Има 317 НБА натпревари и 146 во Евролигата.