Други спортови
Ботас е првиот КОВИД-19 победник, Хамилтон поради казна заврши само на четвртото место
Финецот Валтери Ботас е првиот победник на трката во Формула 1 за време на пандемијата „Ковид19“.
Денеска започна новата сезона на најбрзиот циркус во светот со трка на „Ред Бул ринг“ во Австрија, а победата ја оствари Ботас, кој поведе од почеток до крај.
Цело време го следеше соиграчот Луис Хмилтон, но тој на крајот беше казнет со пет секунди заради контакт со Александар Албон.
Иако тој ја заврши трката на второто место, Хамилтон на крајот беше преместен две места и заврши на четвртото место, откако Чарлс Леклерк од Ферари и Ландо Норис од Мекларен се искачија на подиумот.
Себастијан Фетел целосно не успеа, завршувајќи ја трката на 10-та позиција.
Исто така, треба да се каже дека имало многу повлекувања денес, па дури девет возачи не ја завршија трката.
Возачите ќе бидат на истата патека за седум дена кога че се вози втората трка за австриското Гранд При.