Други спортови
Ботас ќе продолжи да вози за Мерцедес и следната сезона
Финскиот возач на Ф1, Валтери Боттас ќе продолжи да вози за Мерцедес следната сезона, пренесува „motorsport.com“.
Судбината на Ботас неодамна беше неизвесна, но по одличниот почеток на сезоната, преговорите за продолжување на неговиот договор се забрзани и во принцип е постигнат договор.
Ова најдобро може да се заклучи од изјавата на првиот човек на Мерцедес Ола Колениус дадена пред претходната трка.
„Ќе ги задржиме двата сегашни возачи“, рече тој во изјавата за германски „Sky“.
Потсетуваме, Ботас ја отвори новата сезона со победа на Ред Бул Ринг, за да заврши седум дена подоцна на истата патека како вицешампион.
Многумина веруваат дека по договорот со Ботас, Мерцедес ќе ги забрза преговорите за проширување на соработката со Луис Хамилтон. Сè уште не се договорени сите детали со Британецот, но се верува дека нема да има проблеми во врска со тоа.