Фудбал
Брајтон го декласираше Манчестер Јунајтед, за прв пат по 20 години Роналдо остана без Лига на шампиони (ВИДЕО)
Брајтон го декласираше Манчестер Јунајтед со 4-0 во 36. коло од англиската Премиер лига, а бидејќи „црвените ѓаволи“ се единствениот тим во Англија кој одиграл 37 натпревари, теоретски немаат шанси да стигнат до четвртата позиција и да го освојат европското елитно натпреварување.
Ова воедно значи дека славниот англиски тим следната сезона нема повторно да игра на најголемата европска фудбалска сцена, ниту Роналдо, кому тоа му се случи првпат откако се здоби со статус на ѕвезда и стана еден од најдобрите фудбалери во последните 15 години.
Единствениот пат кога Роналдо претходно остана без Лигата на шампионите беше во сезоната 2002/03. Во тоа време како дете штотуку ја започнуваше кариерата и играше за Спортинг, а по квалификациите за Лигата на шампионите играше во тогашниот Куп на Уефа.