Connect with us

Фудбал

Браќата Ристовски и тоа како ќе го паметат 8. Септември

На 8. септември, денот на независноста на Македонија, двете фудбалски репрезентации ги одиграа своите натпревари.

Стефан и Милан Ристовски се браќа кои денес играа за Македонија. Помладиот брат постигна гол во победата над Фарски Острови (2: 1) за селекцијата до 21 година, додека постариот и попознат Стефан Ристовски погоди за бод на гостувањето кај Грузија (1: 1) во Лигата на нациите.

Па, така се случи двајцата браќа да играат за двете селекции на Македонија на денот на независноста на нашата држава и да бидат двајцата стрелци.

Патем, младата селекција сè уште има шанса да се пласира на Европското првенство, додека А селекцијата сега е на врвот на групата 2 во Лигата Ц од Лигата на нациите со четири бода.