Connect with us

Фудбал

Братот на Дибала под полициска истрага, ги прекршил правилата за карантин од Ковид-19

Братот на Пауло Дибала, Густаво е под полициска истрага во Аргентина. Имено, тој, неговата мајка и девојката се вратиле од Торино во родната Аргентина, но поради ситуацијата со Ковид 19, морале да останат две недели во карантин.

Сепак, по само два дена тој ги прекршил правилата и излегол од карантинот надвор заедно со неговата девојка. Властите биле алармирани од неговите соседи поради што е приведен. Од шест месеци до две години во Аргентина е затворска казна според новите правила, па се очекува да се види каква ќе биде целата разврска.