Connect with us

Фудбал

Бразилецот Арана потпиша за Севиља

Бразилскиот фудбалер Гилерме Арана од Коринтијанс пристигна во Севиља за сума од 11 милиони евра.
20-годишниот фудбалер со шпанскиот тим потпиша договор на четири и пол години.

Оваа година Арана беше избран во идеалниот тим на бразилскиот шампион по освојување на титулата со Коринтијанс.

Тој исто така беше споменуван како можно засилување на Барселона, но Севиља беше поконкретен во понудата.

Со ангажманот на Арана продолжена е традицијата на бразилски засилувања за тимот од Андалузија.