Connect with us

Фудбал

Бразилецот Артур Мело во Барселона за 40 милиони евра

Бразилскиот фудбалер Артур Мело ќе премине во Барселона, потврди претседателот на неговиот сегашен клуб Гремио, Ромилдо Болзан.

Мело има 21 година и еден од најталентираните фудбалери во Бразил.

Болзан за бразилската телевизија „Фокс“ соопшти дека трансферот е во завршна фаза и дека се ќе биде готово за ден или два.

Барселона за трансферот на Мело ќе издвои 30 милиони евра за шампионот на Јужна Америка, а преку бонуси ќе добијат уште десет милиони евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Мело ќе остане во Гремио до јануари 2019 година, а потоа ќе се пресели на „Ноу Камп“.

Бразилскиот фудбалер ќе потпише петгодишен договор со Барселона.