Connect with us

Фудбал

Бројки од кои ќе ви се заврти умот, приходите на Меси, Роналдо и Нејмар

Аргентинецот Лионел Меси, Португалецот Кристијано Роналдо и Бразилецот Нејмар ќе бидат тројцата најплатени фудбалери оваа сезона, проценува магазинот „Фрас Фудбал“. Според овој медиум, приходите на ѕвездите се пресметани на тој начин што се вклучени бруто платата и приходот од огласувањето, односно маркентингот на компаниите чии заштитни лица се овие фудбалери. Плус, во текот на 2019/20 ќе се додадат бонудисте од претходната сезона.

Според таа методологија, Меси ќе заработи еден милион повеќе од претходната сезона, а тоа значи 131 милион за сезона.

Кристијано Роналдо ќе биде побогат за пет милиони од претходната сезона, односно ќе заработи вкупно 118 милиони евра. Нејмар е трет со вкупна заработка од 95 милиони.

Меѓу тренерите, Диего Симеоное од Атлетико Мадрид, со 40,5 милиони евра е најплатен, следува Антонио Конте (Интер) со 30 милиони вкупни примања, потоа Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) со вкупни примања според претходната методологија од 27 милиони евра.