Фудбал
Брозовиќ прва жртва поради финансискиот фер-плеј на УЕФА
Уефа повторно со забрани поради финански фер-плеј и тоа за Интер, екипа која е во тесната трка за Скудетото.
УЕФА му забрани на миланскиот клуб да ангажира фудбалери во јануарскиот преоден рок и тоа поради финансискиот фер-плеј. Според правилата, платите на фудбалерите можат да бидат до 60% од годишните приходи, а кој и да дојде на Џузепе Меаца оваа зима ќе го надмине овој лимит.
Хавиер Пасторе и Хенрик Микитаријан, кои се поврзуваат со Интер, имаат преголеми примања за овие услови. Единствената опција е да се продадат дел од сегашните играчи, а прв на листата е Марсело Брозовиќ.