Connect with us

Ракомет

Брумен ќе игра во втора лига

Поранешниот ракометар на Вардар, Матјаж Брумен, немаше многу среќа со изборот на клубови откако замина од Скопје. Деснокрилниот играч од Скопје замина за Велење, во екипата на Горење со која неславно се раздели минатата сезона. Од Велење замина во Хрватска, една полусезона настапуваше за екипата на Нексе, а сега одново се враќа во Словенија.

„ШД Шпорт“ денеска објави дека Матјаж Брумен се договорил за враќање во Словенија. Негов нов клуб е екипата на Изола, второлигаш со амбиции следната сезона да се приклучи кон словенечката елита.