Connect with us

Фудбал

Бруталната физичка промена на некогаш најмладиот стрелец во Ла Лига ги запрепасти сите, но тој сепак е мајстор (ВИДЕО)

На 15 јуни 2003 година, Ксиско Надал (37) испиша историја со тоа што стана најмладиот стрелец во историјата на шпанската Ла Лига кога постигна гол на возраст од 16 години и 153 дена. Тој рекорд подоцна го собори Икер Муниаин, а денес Ксиско е далеку од млад фудбалер кој многу ветуваше.

Од тој момент започна професионалната кариера на играчот на Балеарците, првично поделена помеѓу првиот и вториот тим на Виљареал, пред да заврши на позајмица во различни втори лиги, завршувајќи ја кариерата во 2018 година како играч на холандската Рода. Ксиско моментално е официјален претставник на првиот тим на Виљареал, а сега стана хит на социјалните мрежи откако повторно се појави на теренот, но овој пат со значително поголема тежина отколку во играчките денови.