Connect with us

Фудбал

Брутални навреди на сметка на Роналдо: Му одмаздивме на Јуве, но и на таа свиња…

Порто го елиминираше Јувентус во осминафиналето во Лигата на шампионите. Во Торино доживеа пораз од 3:2, но благодарејќи на победата на домашен терен од 2:1 ги продолжува натпреварите.

По мечот брутални навреди на сметка на италијанскиот тим, но и на сметка на Кристијано Роналдо и тоа од човек кој е вработен во Порто како официјален најавувач или спикер за време на мечевите.

-Се одмаздивме на италијанските лопови за поразот во Базел во 1984-та. Се одмаздивме на таа свиња Роналдо за се што правеше на Драгао. Чекам видео од Долорес (мајка на Роналдо) и останатите без заби членови на семејството, напиша Фернандо Саул.