Connect with us

Кошарка

Будуќност и Дарушафака се најлошите тимови во Евролигата

Секоја кошаркарска екипа која по пат на домашниот или регионалните шампионат обезбедуваат место во Евролигата, заслужено наредната сезона играат во елитното натпреварување. Големата сцена бара и голем буџет, подобри кошаркари, па така малите клубови се обидуваат да направат конкурентен состав. Откако првиот човек на Евролига, Жорди Бартомеу, го состави договорот со американската компанија ИМГ, која одлучи да вложи 360 милиони долари за десет сезони, поминаа две доста успешни години, а во моментов се игра и третата.

Намалениот број на тимови и формирањето на новиот систен на натпреварување во кој секој игра со секого по два пати (дома-гости), Евролигата сакаше да го зголеми квалитетот на кошарката. Меѓутоа, откако се направи овој нов систем на натпреварување, се покажа дека има и мани. Имено, оваа натпреварувачка година, три екипи се далеку под нивото кое го имаат останатите, а тоа се Будуќност, Дарушафака и Гран Канарија. После шест одиграни рунди од предвидените 30 овие три тима не можат да се пофалат со некој добар резултат.

Клубот од Подгорица направи добра работа со тоа што го сочува костурот на тимот, но очигледно погрешија со странците. Далеку од тоа дека не се квалитетни кошаркари, меѓутоа сите тие кои дојдоа можат да блескаат во тимот само ако се лидери. Токму поради тоа доаѓа до проблеми, бидејќи минатата сезона носители на играта беа Гордиќ и Ивановиќ, играчи кои останаа, па затоа нивната улога и оваа сезона останува иста. Но, тоа е невозможно откако во тимот дојде Ерл Кларк, Коти Кларк и Едвин Џексон. Овие тројца кошаркари се навикнати да бидат лидери во своите тимови во кои настапуваа и ако не ги користите како такви ќе добиете големо ништо од нив.

Дарушафака пред почетокот на сезоната не се знаеше дали ќе настапи во елитното натпреварување, но на крајот успеаја да склопат тим. До сега единствената победа ја имаат против Будуќност, додека на останатите пет натпревари претрпе убедливи. Слична е ситуацијата и со Гран Канарија, тим за кој се верува дека нема да дојде ниту до десет победи сезонава во елитното натпреварување.