Фудбал
Буфон е првиот фудбалер со десет Скудета во Серија А
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфон стана првиот фудбалер со десет шампионски титули во Италијанското првенство.
Четириесет и двегодишниот Буфон до десеттиот шампионски трофеј со Јуве стигна синоќа по триумфот над Сампдорија со 2:0.
На второто место на оваа листа се одбранбените играчи на Јувентус, Леонардо Бонучи и Џорџо Киелини, кои имаат по девет Скудета.
Киелини, како и Буфон, имаат титули само со Јувентус, додека Бонучи има еден шампионски трофеј како член на Интер.