Фудбал
Буфон: Големата Парма!
Голманот на Јувентус, Џанлуиџи Буфофон и го честиташе на Парма пласманот во Серија А.
40-годишниот легендарен чувар на мрежата, кариерата ја почна во Парма. Тој за жолто-сините играше од 1995 до 2001 година.
– Голема Парма!- напиша Буфон на Твитер.
Парма за три години успеа од Четвртата да се врати во најсилната лига на Италија – Серија А.