Connect with us

Фудбал

Бугарски репрезентативец учествувал во вооружена престрелка, тој е на списокот за дуелот со Македонија

Вистинска драма се случила на бензинска пумпа на „Оринг Роуд“ во Софија, во која бил вмешан и фудбалерот на ЦСКА – Софија Георги Јомов. Се започнало со расправија меѓу две групи, која прераснала во престрелка, а двајца од инволвираните се повредени. Тие се ранети во нозете и веднаш се пренесени во болнива. Еден од нив е во тешка состојба, јавуваат бугарските медиуми.

Се се случило на бензинска пумпа во близина на ресторан за брза храна. Според информациите, на лице место се приведени пејачката Марија Цветкова, попозната во поп-фолк круговите под псевдонимот Арија и фудбалерот на ЦСКА – Софија Георги Јомов. Инволвираните во тепачката се приведени на распит .

Инаку, фудбалерот Јомов се најде на списокот на фудбалската репрезентација на Бугарија за дуелот со Македонија на 2-јуни кој треба да се одигра во Разлог во рамките од новата сезона во Лигата на нации.