Connect with us

Фудбал

Бум од Шпанија, „Лудакот“ на клупа, Гризман во нападот?!

Атлетик Билбао наскоро ќе добие нов претседател, а еден од кандидатите ги сака на клупата и во нападот Марсело Биелса и Антоан Гризман.

На изборите победува кандидатот на Ињаки Арехабалет, а неговиот план е Билбао да го донесе Биелса, кој популарно го нарекуваат „Лудакот“, но и Гризман во нападот.

И Биелса и Гризман имаат своја историја во Баскија, иако на спротивставени страни. Биелса од 2011 до 2013 година блескаше на клупата на Атлетик, играа во финалето на Лига Европа и Купот на Кралот, но не го освоија трофејот.

Гризман славата ја стекна во Сан Себастијан, од Реал Сосиедад отиде во Атлетико Мадрид и стана мега ѕвезда.