Connect with us

Фудбал

Бум! – Познат следниот клуб на Луис Суарез, таму ќе го чека Меси!

Луис Суарез на лето дефинитивно ќе го напушти Атлетико Мадрид, а потоа ќе се пресели во потоплите и поатрактивни места.

Шпанските медиуми денеска потврдија дека Суарез нема да го продолжи новиот договор со Атлетико и дека на лето ќе го засили Интер Мајами кој е во сопственост на Дејвид Бекам.

Суарез уште порано донесе одлука Атлетико да биде неговиот последен клуб во Европа, бидејќи наскоро ќе наполни 35 години.

Суарез пристигна во Атлетико летото 2020 година на срамен начин, бидејќи Барса буквално го избрка.

Суарез пристигна за мизерни пари, а потоа ја донесе титулата и покажа дека се уште е врвен напаѓач.

Сепак, оваа сезона е во сериозен пад на формата, на 25 натпревари постигна осум гола со две асистенции, а во однос на лани на 39 натпревари постигна 21 гол и четири асистенции.

Исто така, не е во најдобри односи со Симеоне, кој се повеќе го вади од игра во раната фаза од вториот дел.

Интересно, од претходно се шпекулираше дека Суарез и Меси ќе играат заедно во Мајами, па можно е Аргентинецот да му се приклучи, но дури во летото 2023 година.