Connect with us

Фудбал

Бунт на италијанските клубови, свикан итен состанок

Клубовите од Серие А се незадоволни од изјавите и начинот на кој италијанскиот министер Виченцо Спадафора раководи со целата ситуација поради пандемијата со коронавирусот.

Спадафора вчера жестоко дискутирал со одредени претставници на клубовите, по што тие побарале во иднина директно да комуницираат со премиерот Џузепе Конте.

Дополнително ситуацијата Спадафора ја подгреа со денешната изјава дека продолжението на Серие А можеби нема да се случи и дека е подобро клубовите да почнат да се подготвуваат за следната сезона.

Клубовите се прашуваат зошто е одреден датум за тренинзи, а кога ќе почне сезоната не е познато.

Фудбалскиот сојуз и лигата веќе почнаа да работат на нов проекти и начин за враќање на фудбалот во Италија. Закажан е и итен состанок.