Connect with us

Фудбал

Чави брутален кон ѕвездата: Почнуваш од самото дно, кај мене не играат имињата

Каталонците одлично ја започнаа турнејата низ САД, а во големото Ел Класико го совладаа Реал Мадрид со 1:0.

Рафиња го постигна единствениот гол на мечот, а на крајот по повреда настапи искусниот дефанзивец Жерар Пике.

Барселона ги засили стоперските позиции со Андреас Кристенсен. Наскоро би можел да пристигне и Жил Кунде, а веќе ги има Роналд Араухо и Ерик Гарсија, а Пике лесно може да загуби место во тимот.

Тоа му го кажа и Чави. Без разлика на убавото минато и дружба, во неговиот тим нема да играат имињата, туку само квалитетот.

„Пике почнува од самото дно, како и сите други. Овде не се важни имињата, туку настапите за клубот“, јасно изјави Чави Ернандез.

Тренерот на Барселона е задоволен од победата над Реал, но тврди дека играта може да биде уште подобра.

“Дојдовме да победиме. Нема пријателски за нас. Задоволен сум од победата, првото полувреме беше одлично, но настрадавме во второто. Сепак, јас сум среќен”, изјави Чави.

Барселона има големи амбиции во новата сезона. Сакаат да се борат за трофеи и ќе видиме колку добро ќе успеат во тоа.