Connect with us

Фудбал

Чави им одржа лекција на своите играчи, го издвои „омразениот“: „Па погледнете го…“

Барселона падна во криза кога беше тоа најмалку потребно.

Високата победа (0:4) на Ел Класико беше ветер во грбот на Каталонците, но студени тушеви пристигнаа во Лига Европа од Ајнтрахт и против Кадиз пред неколку дена, па сонот за трофејот згасна.

Чави Хернадез е незадоволен од моменталната ситуација во тимот и јасно ги предупреди играчите дека ќе мора да го променат ставот до крајот на сезоната.

Чави на последниот тренинг ги собра сите играчи и им одржа „кратко предавање“. Направи изненадување со изборот на играч кој треба да биде пример за сите останати.

Имено, перспективниот тренер се одлучи за Усман Дембеле, кому наскоро му истекува договорот, а Французинот е во навистина одлична форма.

„Погледнете го… И воопшто нема договор“, изјави Чави пред сите играчи, пренесе „Ел Чирингито“.

Чави побара од своите играчи да покажат уште поголема посветеност и да не се занесуваат со неколку победи бидејќи натпреварот против Кадиз покажа дека имаат уште многу работа.

Иако во јануари беше отпишан и доби порака дека никогаш повеќе нема да го носи дресот на Барса, во последните недели дојде до пресврт и постои можност Дембеле да го продолжи договорот.

Директорот на Барселона, Матеу Алемани минатата недела разговараше и со агентот на Дембеле, па останува да се види дали ќе има продолжување на соработката.