Connect with us

Фудбал

Чави може да отвори шампањ: Барселона ќе добие засилување во финишот на јануари

Го чекаме само јануарскиот ден кога Душан Влаховиќ и официјално ќе стане нов член на Јувентус, а тоа би можело да се случи до крајот на оваа недела.

Доаѓањето на Влаховиќ значи дека Алваро Мората би го напуштил Јувентус, а веќе се пишуваше дека шпанскиот напаѓач најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Барселона.

29-годишниот напаѓач е во Јувентус како позајмен од Атлетико Мадрид, но Барселона и понуди на Старата дама да се договори бидејќи покажаа голем интерес за доведување на Мората.

Јувентус првично ја отфрли таа можност, но откако го комплетираше трансферот на Влаховиќ, на Барселона и даде отворена врата да ги договори последните детали со шпанскиот напаѓач.

Шпански „Спорт“ утринава објави дека Ателтико Мадрид нема ништо против Мората да ја засили Барселона, па Каталонците неочекувано ќе добијат засилување во јануари, за кое мислеа дека е изгубено.

„Мундо Депортиво“ претходно најави дека Чави би сакал да го има Мората во тимот, а бидејќи Мората немаше повеќе понуди, сега Барелони има чист пат да го освежи својот напаѓачки дел од тимот.