Connect with us

Фудбал

Чави му рекол дека не смета на него и не можел да поверува колку џентлменски реагирал

По завршувањето на сезоната, Чави Ернандез одржа разговор со играчи на кои повеќе не смета.

Јасно е дека Барселона е пред голем предизвик бидејќи мора да се ослободи од играчи на кои Чави не смета, а списокот е се подолг и подолг. Некои фудбалери одбиваат да си заминат пред крајот на договорот, но има и такви кои се свесни дека за нив повеќе нема место во Барса.

Мундо Депортиво утринава објави дека Чави бил позитивно изненаден по разговорот со Оскар Мингеза, кој рекол дека е најдобро да си најде нов клуб.

Мингеза е на списокот на отпишани играчи и најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Хетафе. Знаеше што следува кога Чави го покани на состанок, па сето тоа го поднесе.

„Мундо Депортиво“ пишува дека Мингеза дури му се извинил на Чави бидејќи е свесен дека не ги исполнил неговите очекувања, и му се заблагодарил за можноста да работи и учи со него.

Мингеза јасно му стави до знаење на Чави дека не сака да му прави проблем на клубот околу неговото заминување и дека ќе се обиде што поскоро да најде нов клуб за да и ја олесни ситуацијата на Барселона и да им покаже на другите играчи како да се однесуваат.

Исто така, шпанските медиуми пишуваат дека Самуел Умтити и Рики Пуиг исто така се договориле да ја напуштат Барселона, а најголем проблем во моментов е Мартин Брајтвајт кој одбива да замине и рекол дека ќе остане во Барса до крајот на договорот без разлика на минутажа.