Connect with us

Фудбал

Чеферин ја објасни одлуката на УЕФА финалето да се игра во Азербејџан

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин ја објасни одлуката за избор на Баку за финалето на Лига Европа.

Многу се жалат, бидејќи финалето на Лига Европа ќе се игра во главниот град на Азербејџан, а големи проблеми имаше играч од средниот ред на Арсенал Хенрик Михтаријан, бидејки неговата земја Ерменија има лоши политички односи со Азербејџан, така што мораше да го пропушти натпреварот на сезоната.

„Зошто Баку? Затоа што и таму живеат луѓе. Тие го сакаат фудбалот. Ние треба да го развиваме фудбалот насекаде, не само во Англија и Германија. Дали мислите дека навивачите во Баку не заслужуваат да гледаат во фудбал живо?“

Арсенал и Челзи освоија само 6.000 билети за финалето, но ни тие не беа продадени, бидејќи беше тешко за навивачите од Англија да поминат толкав пат и да дојдат во Баку.

„Колку што знам, клубовите дури и враќаа билети, бидејќи не можеа да ги продадат сите. Патем, ми беше кажано дека „Easyjet“ крена авио билети за летови. Некој ги праша? Не е УЕФА за се крива. Ова е популизам. Како би било да понудат конструктивен предлог, фонд, кој секој клуб придонесува за навивачите кои патуваат во финалето“, рече Чеферин.

Претседателот на УЕФА продолжи: „Се разбира, Баку е далеку од Лондон. Но, кога одлучувавме за финалето, не можевме да знаеме дека двата тима ќе дојдат од Англија.“

Тој, исто така, се осврна на ерменскиот играч на Арсенал, Хенрик Михтаријан, поради тоа што одби да пристигне во Баку од „безбедносни причини“.

„Азербејџан даде гаранции и темелен план за безбедност. На крајот, одлуката на играчот беше да не патува“, додаде Чеферин.