Фудбал
Чекаше и дочека: Барселона има нова „шестка“
Барселона ја отвора новата сезона во Ла Лига со утрешниот натпревар против Виљареал.
Еден ден пред натпреварот, Барселона објави дека култниот број 6 во новата сезона ќе го носи Карлес Алена, кој е плод на младинската школа на Каталонија.
За Алена, тоа ќе биде петти различен број откако е во првиот тимот на Браселона. Порано носеше 28 и 26, а потоа му го даде бројот 21 на Френки Де Јонг, а го носеше и бројот 19.
Сега ќе игра со бројот шест на грбот, број кој некогаш го носеше легендарниот Чави Хернандез.
?!
6️⃣ Aleñá ??? pic.twitter.com/7zj8JRmC7t
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 26, 2020
Инаку, нови броеви задолжија и Педро, кој ќе игра со бројот 16, додека Тринако го одбра бројот 17.