Фудбал
Челниците на Тотенхем ја исполниа желбата на Мурињо
Тотенхем денес го потврди проширувањето на соработката со дефанзивецот Ерик Диер.
Имено, Диер ја продолжи соработката уште четири години и ќе биде член на овој клуб до 2024 година.
Тоа беше голема желба на Жозе Мурињо што на крајот беше исполнета. Диер неодамна беше во центарот на вниманието бидејќи беше казнет со забрана од четири натпревари и казна од 40.000 фунти за обид да се судри со навивач на трибините за време на натпреварот во ФА Купот против Норвич во март годинава.
Диер пристигна во Тотенхем во 2014 година, и стана незаменлив член на првиот тим.
✍️ We are delighted to announce that @ericdier has signed a new contract with the Club which will run until 2024!#THFC ⚪️ #COYS
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) July 21, 2020