Connect with us

Фудбал

Челзи да го заборави Пулишиќ

Спортскиот директор на германскиот гигант Борусија од Дортмунд, Михаел Цорк, испрати јасна порака до сите клубови кои ќе се обидат за време на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на стандардниот првотимец, Кристијан Пулишиќ.

И покрај големиот интерес кој пристигнува од сите страни, Цорк потврди дека репрезентативецот на САД нема да ја добие потребната дозвола за промена на клупската средина во јануари.

Одличниот играч за врска е проценет на најмалку 70 мил. евра, а најголем интерес за неговиоте услуги покажаа челниците на лондонскиот премиерлигаш Челзи.