Connect with us

Фудбал

Челзи ќе го „позлати“ Канте со новиот договор

Халфот на Челзи, Н’Голо Канте ќе стане најплатениот играч на „сините“, ако го прифати предлогот од клубот за нов договор.

Според „Тајмс“, понудата кон Французинот, кој се претстави многу силно за време на Светското првенство, е за договор за пет години и неделна плата во износ од речиси 290.000 фунти неделно.

Така Канте ќе го престигне по плата дури и Еден Азар, кој во моментов добива по 220.000. Се разбира, Белгиецот исто добил предлог за нов договор, но Азар засега чека, бидејќи преферира трансфер во Реал Мадрид.

Интерес кон Канте има од ПСЖ и Барселона, но самиот играч не инсистира да си замине од „Стемфорд Бриџ“ и клубот има намера да ја „поттикне“ неговата лојалност.