Connect with us

Фудбал

Челзи не се откажува од пласманот во полуфиналето, поведе во Мадрид (ВИДЕО)

Челзи не се откажа од пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите.

Во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите Реал Мадрид – Челзи гостите поведоа.

Убав гол во 15. минута за гостите постигна Мејсон Маунт по магичната асистенција на Вернер.

Иако се добива впечаток дека Вернер беше „случаен минувач“ во целата акција, се покажа дека неговото играње со колено ја нокаутираше целата одбрана на Реал.

Маунт излезе сам пред Тибо Куртоа и рутински ја затресе мрежата.

За потсетување, Реал го доби првиот натпревар со 1:3. Важно е да се каже дека, за разлика од минатата сезона, оваа сезона не важи правилото за голови на гости.