Connect with us

Фудбал

Челзи нема да го пушти Азар во Манчестер Сити

Актуелниот англиски шампион Челзи ќе ја отфрли понудата на Манчестер Сити, дури и ако таа биде 200 милиони фунти. Претходно беше објавено дека „Граѓаните“ ја разгледуваат можноста да го ангажираат Азар во текот на летото и се подготвени да понуди 150 милиони фунти.

Од друга страна, раководството на Челзи се надева дека ќе преговара со Белгиецот за продолжување на договорот и за тоа му нудат договор со плата од 300 илјади фунти неделно.

За потписот на Азар голем интерес покажува и европскиот шампион Реал Мадрид кој посакува да го реализира трансферот по завршувањето на тековната сезона.