Connect with us

Фудбал

Челзи „скришум“ го договори трансферот на Бернард

Лондонски Челзаи наводно договорил уште еден трансфер.

Нов член на лондонскиот клуб е бразилскиот фудбалер Бернард, кој доаѓа од украинскиот клуб Шахтјор Доњецк.

Се работи за фудбалер кој во претходните пет години играл за овој украински клуб. Станува збор за низок (164cm) и многу брз фудбалер кој игра на позиција лев крилен напаѓач.

Бернард на „Стемфорд Бриџ“ ќе дојде како слободен играч. Одби да ја продолжи соработката со Шахтјор, а од многуте понуди кои ги добил, одлучи да ја прифати онаа која стигна од Челзи.

Бразилецо за Шахтјор одигра 157 натпревари и постигна 28 голови, а во својата кариера има настапувано и за Атлетико Минеиро.