Connect with us

Фудбал

Челзи заврши уште еден голем трансфер, со над 60 милиони евра одвоени за Бразилецот

Лондонскиот клуб полека се активираше по доаѓањето на новиот сопственик и е на прагот на првите големи засилувања.

Челзи е се поблиску до доведување на Рахим Стерлинг од Манчестер Сити, но денеска се пишува дека лондонскиот клуб е на прагот да го ангажира Рафиња, Бразилецот од Лидс кој ќе плати 64 милиони евра.

Понудата отиде до Лидс, а останува само да се договорат личните услови и се верува дека нема никакви проблеми и дека одличниот дефанзивец во новата сезона ќе го носи синиот дрес.

 

Рафиња беше загреан да се пресели во Барселона, но поради постојаните финансиски проблеми Каталонците мораа да се откажат од трансферот, па на крајот вратата му беше отворена на Челзи, а англискиот великан не ја пропушти таа шанса.

25-годишниот фудбалер јасно им стави до знаење на челниците на клубот од Еланд Роуд дека сака да се приклучи на поголем клуб кој може да му понуди настапи во Лигата на шампионите и поголеми шанси за освојување на трофејот. Исто така, не е занемарливо дека ќе има многу поголема плата од онаа што ја имаше во Лидс.

 

Рафиња му се приклучи на Лидс од Рен во 2020 година и беше откровение за клубот од Јоркшир. Тој беше клучен за да им помогне да избегнат испаѓање од Премиер лигата минатата сезона, но имаше јасна желба да направи пробив во кариерата.

 

Во Лондон се очекуваат уште некои големи засилувања, меѓу другите споменатиот Стерлинг, но и дефанзивецот на Јувентус, Матијс де Лигт, а сега се споменува и Нејмар кого ПСЖ има намера да го продаде, па дури и ѕвезди како Кристијано Роналдо.

 

Антонио Рудигер досега го напушти тимот и се пресели во Реал, потоа Андрес Кристенсен, додека Ромелу Лукаку се согласи да се врати во Интер. Се очекува и заминување на досегашниот капитен Цезар Аспиликуете. Наводно во вишок е и Кристијан Пулишиќ.