Connect with us

Фудбал

Четири години играше за Реал Мадрид, а сега сака трансфер во Барселона?!

Аргентинскиот фудбалер Анхел Ди Марија би сакал да ја продолжи кариерата во Барселона. Тој чека понуда од шпанскиот клуб, објави „Мундо Депортиво“.

Триесет и четиригодишниот играч од средниот ред би сакал да ја продолжи кариерата во каталонскиот тим, иако претходно имаше договор со Јувентус.

Во моментов Аргентинецот е слободен на трансфер пазарот, бидејќи му истече договорот со Пари Сен-Жермен.

Анхел Ди Марија минатата сезона одигра 26 првенствени натпревари, постигнувајќи пет гола и седум асистенции. Доколку потпише за Барселона ќе биде интересно да се види реакцијата на навивачите на овој клуб, но и на оние на Реал Мадрид бидејќи од 2010-та до 2014-та го носеше дресот на „Кралевите“. Токму со Реал Мадрид ја освои Ла Лига, два пати Купот на Кралот, еднаш шпанскиот Суперкуп, Лигата на шампионите и Европскиот суперкуп.