Connect with us

Фудбал

Чичарито демантира заминување од Вест Хем

 

Хавиер Ернандез ги негираше шпекулациите дека размислува да се врати во Мексико по назначувањето на Дејвид Мојс за менаџер на Вест Хем. Најдобриот стрелец во историјата на „Ацтеките“ ги нарече измислици пишувањата во еден мексикански весник дека тој сака повторно да заигра во својот прв клуб Чивас.

Пред неколку сезони, Чичарио го напушти Манчестер Јунајтед откако не успеа да се наметне кај Мојс кога тој беше на чело на „Црвените Ѓаволи“.

Јас сум 100 отсто посветен на подобрување на ситуацијата во Вест Хем. Секогаш велев дека сум обожавател на Чивас, но јас апсолутно никогаш не сум рекол дека сакам да го напуштам Вест Хем, изјави Ернандез за клупскиот сајт на премиерлигашот од Лондон.

Новиот менаџер Дејвид Мојс дебито во Вест Хем ќе го има в недела на гости против Вотфорд.