Connect with us

Фудбал

Човек од чест и принципи: Зинедин Зидан одби понуда која никој друг не би ја одбил

Легендарниот Зинедин Зидан (49) реши дефинитивно да ја одбие понудата на францускиот шампион ПСЖ да ја преземе тренерската позиција од Маурицио Покетино.

Тимот од Париз со сите сили се обиде да го ангажира Зидан за тренер. Во претходниот период раководството на клубот имаше разговор со него, но Зизу му се заблагодари за се и реши дефинитивно да му каже „НЕ“ на ПСЖ.

Причините за одбивањето на понудата, која беше финансиски неверојатна, се навистина чудесни, а Зидан покажа дека е човек со чест и принципи.

Бидејќи е роден во Марсеј, луѓето во овој град би го прогласиле за предавник бидејќи има големо ривалство со Париз. Исто така, еден од факторите е почитувањето на Реал Мадрид, по што не сака да биде тренер на ниту една екипа.

Сепак, најголемата причина за одбивање на понудата е репрезентацијата на Франција. Зидан по Светското првенство во Катар очигледно ќе стане нов селектор на Триколорите.

Тој е главниот кандидат за замена на Дидие Дешам, па ПСЖ едноставно немаше шанси да го добие славниот стручњак без разлика на цифрата која му се нуди.

Зинедин Зидан во два наврати седеше на клупата на мадридските кралеви. Со овој клуб има освоено апсолутно се и тој како клупски тренер очигледно е целосно исполнет.